Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Иван Караџов

Роден е на 8 декември 1875 година, во  с. Лешко, Горноџумајско. Основното образование го завршува во родното место. Потоа трети клас во Цариград, па во Солунската гимназија во 1895 година, каде што станува член на ВМОРО. После завршувањето учителствува во Горна Џумаја и Скопје, каде раководи со пејачки хор и оркестар. Во 1902 год. ја завршува Петерсбуршката императорска пејачка школа по што е назначен за учител по пеење во Сулунската машка гимназија.

За време на Илинденското востание тој е во затвор. По пуштањето од затвор учителствува во Серското педагошко училиште (1905-1907 год.) каде е и окружен раководител на ВМОРО. Од  1913  до 1930 год. учителствува во Горна Џумаја. Тој е близок соборец на Т. Александров. Во 1928 год. е избран за член на Централниот комитет во крилото на И. Михајлов, но три години покасно се откажува од здравствени причини.

Умира на 24 мај 1934 година во Горна Џумаја.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik